Исламската држава има нов алат за мачење на жените: Болката е поголема од онаа на породување

popara6 март, 20161min00
3

Младата домаќинка Фатима (22) успеала да побегне од Мосул после неколку неуспешни обиди.

Таа открила дека нејзините деца таму биле гладни и дека садизмот и насилството на џихадистите на Исламската држава се зголемило во однос на минатата година, особено кон жените, јавува The Independent.

Џихадистите осмилиле алат со кој ги казнуваат жените кои не се соодветно облечени. Од нив барале да бидат во потполност прекриени. Панталоните мораат да им бидат широки и мораат да носат чорапи и ракавици. Секој пат кога ќе излезат од дома морале да бидат заедно со машка личност која е во нејзино сродство.

Оние кои не ги почитувале строгите наредби и правила на џихадистите биле казнувани со метална направа за која сведоците велат дека е налик на животинска замка. Се работи за “метални клешти за заби” кои се забиваат длабоко во месото.

Болката е поголема од онаа на породување

Фатима вели дека таа направа станала нивни ноќен кошмар.
“Мојата сестра изинатиот месец беше сурово казнета откако заборави да носи ракавици”, изјави Фатима.

Таа објасни дека лузните и модриците на нејзината сестра биле видливи со месеци после казнувањето. Нејзината сестра и рекла дека казнувањето со овој алат е поболен од породување.

Фатима побегнала од Мосул, а таквиот потфат е тежок и опасен. Сите оние кои успеале да побегнат изјавиле дека условите за живот биле нагло влошени. Во градот недостасуваат сите основни работи, вклучувајќи и гориво, струја и вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag