Исповед на момчето од „Сам дома“- еве како изгледа денес

popara22 јули, 20161min00
2

Најславното дете-актер, Меколи Калкин, во интервју за “Гардијан” откри дека таблоидите и весниците најчесто ги преувеличувале информациите во врска со консумирањето хероин.

– Секако, се случуваат глупости, но не сум земал по 30 грама хероин месечно. Медиумите драматизираа во врска со моите лоши навики – изјави тој во интервјуто за “Гардијан”. Откри и дека успеал да го загрози опстанокот на групата “Пица андерграунд бенд” поради консумирањето алкохол.

TORONTO, ON - JUNE 19:  Macaulay Culkin of Pizza Underground performs on the NXNE MiO Squirtcar on June 19, 2014 in Toronto, Canada.  (Photo by Sam Santos/WireImage)

Прозборе и зошто се откажал од актерството.

– Не му свртев грб, само престанав да сакам да го правам тоа. Папараци се уште го следат секој мој чекор. Само затоа не сакам да бидам во центарот на јавното внимание- вели некогашната ѕвезда, која го допре врвот на славата на 10-годишна возраст, а првиот филм “Сам дома” го сними на 8 години. Потоа следеа уште неколку продолженија, кои му донесоа милионско богатство и голема слава, но и притисок, кој очигледно не го издржа, па донесе низа погрешни одлуки. Уште млад се одвои од семејството па следеше неуспешен брак, па консумирањето наркотици… Сега Калкин живее во Франција далеку од очите на јавноста. И покрај тоа јавноста ревносно се интересира за неговата приватност.

macaulay-culkin-800

– Баш пред некој ден си размислував. Поминувам улица и одеднаш пред мене се создадоа 20 папараци. Потоа нивниот пример го следат случајните минувачи, кои ги вадат мобилните телефони и почнуваат да ме фотографираат. Не мислам дека го заслужувам тоа- вели тој.

Додава дека е навикнат на тоа зашто така му е цел живот.

– Чудно е кога сум на средба со некоја девојка. Сите не гледаат, но се трудам да не обрнувам внимание. Не ни мислам на себе. Тоа би ме довело до лудило -вели Калкин.

Сега ужива во нешто во што не можел- во украдената младост.

– Еден ден би сакал да ја раскажам својата приказна но под мои услови- изјави актерот, кој беше десет години во врска со Мила Кунис. Наводно, неговите проблеми со дрогата почнале кога ја прекинале врската.

 

Macaulay-Culkin

 

MAIN-Macaulay-Culkin

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag