![Извлекол човек од камион во пламен! Кога видел за кого се работи, не можел да ги задржи солзите…](https://popara.mk/wp-content/uploads/2016/08/izvlekol-chovek-od-kamion-vo-pla.jpg)
Дека животот е неверојатен и дека ги спојува луѓето на неверојатни места и во неверојатни моменти, најдобро покажува оваа приказна!
Крис Троки денес има 34 години, сопруга и син. Работи како пожарникар и може да се каже дека добро живее.
Сепак, не било секогаш така. Крис е роден со само 1,6 килограми, поради што шансите да преживее му биле 50:50.
Имал неверојатна среќа што за педијатар го добил др Мајкл Шенон, кој навистина дал се од себе за да го спаси неговиот живот.
Крис никогаш не ни сонувал дека ќе биде во можност да му се одолжи на Мајкл, но токму тоа се случило! Имено, 34 години подоцна, педијатарот се нашол приклештен во камион кој горел.
Судбината наместила токму Крис да биде првиот кој ќе стигне на лице местото. Тој притрчал и му помогнал на докторот. Се` до пристигнувањето во болница не знаел кој е човекот на кого му го спасил животот.
https://www.youtube.com/watch?v=7zlqRoYuQ6U