Лорен Гудџер овие денови се подготвува за разголеното фотографирање за Плејбој, а се надева и на повик за посета на имотот на Хефнер.
Но, до неодамна тоа сето било потполно незамисливо – во само осум месеци таа ослабела повеќе од 25 килограми и “паднала” за дури пет конфекциски броеви. И тоа своето слабеење добро го уновчи – со “пред и потоа” фотографии започна фитнес програма за сите кои се борат со дебелината, кое очекувано стана хит во Велика Британија.
“Бев срамежлива, се срамев од самата себе и немав скоро никаква самодоверба. Денес уживам да бидам гола по цел ден и радо би снимила едиторијал за Плејбој додека сум уште млада и немам деца”, вели 29 годишната Лорен, чие DVD со фитнес програмата се продава “како лудо”.
“Ме нарекуваа дебел, насукан кит, а една девојка рече дека изгледам како да имам 200 килограми. Тогаш на интернет најдов свои фотографии во бикини со еден куп други навредливи коментари и сфатив дека морам нешто да променам, инаку ќе останам дебела до крајот на животот”, признава Лорен.
Фитнес програмата која ја промовира се нарекува “Plyo-dynamics” и како што вели, вклучува многу скокање и “пржење” калории без употреба на никакви помагала. Пред да одлучи да сврти нова страница, Лорен секојдневно се прејадувала и пиела алкохол, но тие денови се зад неа.
Неверојатна трансформација, нели? Ако можела таа, тоа само значи дека можеме и сите ние! само упорност и цврст каракрер. Невозможни работи не постојат, особено кога станува збор за средување на линијата.
Зарем ова не е уште еден доказ дека целулитот не е непобедлив?