Ја сакам, но проклет да бидам, никогаш нема повторно да ѝ кажам

popara9 септември, 20161min00
16

По одот ќе ја познаеш дека е моја. Знаеш, кога ќе ме види го крева носот уште повисоко и не се осудува во очи да ме погледне. Затоа што знае.

Затоа што знае дека во моите очи ќе ја види љубовта која никогаш не догори и ќе посака да се врати. Чекори гордо, како животот да ѝ зависи од тоа и не остава да и се приближам. А кој би ме оставил? Кој би ме оставил кога ѝ згрешив на најубавата девојка?!

Срцето ѝ тропка за да се врати, но таа не му дозволува. Зошто? Затоа што знае. Затоа што знае дека пак ќе зафркнам работа како што секогаш сум зафркнувал. Ама и затоа што знае дека ја сакам. Дека ја сакам и дека никогаш нема да ми прости.

Ќе ја познаеш по начинот на кој зборува кога во воздухот ги чувствува моите мириси. Го променува тонот, гласот ѝ станува повисок и поубав. Само да ме изнервира, да ме натера да се вратам и да ја треснам на вратата и страсно да ја бакнувам како што знам дека посакува.

Но, нема. Нема, затоа што таа е со друг. Нема, затоа што нашето помина и никогаш нема да се врати. Нема, затоа што неа окото не ѝ трепка за мене. Барем така се преправа. Толку ја усовршила таа нејзина маска на лажна гордост и надуена суета што солзите веќе не се ни познаваат.

А, тогаш ја видов. Ја видов како плаче и не направив ништо. Не направив ништо за да заслужам да ѝ се обраќам со „моја“. И уште сто пати ја видов од тогаш, со солени солзи кои бавно се слеваа по нејзиното порцеланско лице и таа сфати.

Сфати дека јас нема никогаш да попуштам и се предаде. Крена раце од мене и си замина. А, сега ја гледам. Ја гледам секое утро на нејзиниот балкон како дели прегратки со друг, а посакував да бев тоа јас.

Проклето многу посакувам, но никогаш нема да се осудам. Бидејќи ја сакам. Ја гледам во раце на друг, а во воздухот се рее нивната среќа и немам право да ѝ го уништам тоа. Немам право уште еднаш да ѝ ја одземам среќата.

Затоа молчам и пишувам. За да знае дека ја сакам, но проклет да бидам…никогаш нема повторно да ѝ кажам.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag