Јас сум ѕвезда! Преживувам „само“ со 2000 евра!

popara19 јуни, 20161min00
8

Водителката Сузана Манчиќ веќе одамна е далеку од славата која што некогаш ја имаше, но и понатаму се однесува како некој на кого треба да му се симнуваат ѕвезди затоа што е познат.

Нејзината изјава дека месечно и се потребни минимум 2000 евра за да преживее, разгневи многумина, но таа и понатаму стои зад кажаното.

-Зборувам од аспект на личност која постојано е пред очите на јавноста. Јас сум ѕвезда. Му се допаѓа на некого тоа или не, јас живеам живот на ѕвезда, вели Манчиќ и додава дека нејзините европски колеги би и се потсмевале кога би знаеле колку малку пари зема.

-Имам три деца, куче и мачка, голем стан во центарот на градот, плаќам за бензин, плаќам сметки, плаќам гаража во центарот, И затоа реков дека тоа ми е минимум. Не гледам ништо спорно во таа изјава, објаснува таа.

Поранешната лото девојка, верува дека ѕвезда како неа, би требало да живее со многу повеќе затоа што самиот статус ѕвезда значи дека треба да биде на ниво повисоко од другите луѓе.

-Било кој од Европа или светот ако ја прочита таа изјава и знае дека ја кажала жена која се занимава со оваа работа 42 години и е во самиот врв на телевизиските и естрадните случувања, би рекол дека тоа е грешка. Мора да станува збор за 2000 евра од ден!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag