Јелена го познавала убиецот – не се исклучува можноста и дека се работи за жена

popara7 април, 20161min01
1

Според последните објавени информации брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ добила помеѓу 20 и 25 удари во главата, иако по 5тиот удар веќе била мртва, така што черепот целосно и бил смачкан.

Полицијата во моментот го утврдува мотивот за убиствотот и го бара тапиот предемeт со кој била убиена. Како што појасниле експертите толкав број на удадри укажува на голема омраза. Не се искчлучува можноста доколку биде потребно на сопругот Зоран Марјановиќ повторно да му биде одреден притвор.

Брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ го познавала убиецот, смета криминологот Божидар Спасиќ и истакнува дека убиецот имал некој кој му помогал да го изврши грозоморниот чин.

На овие простори е тешко да се случи убиство, освен ако не е нарачано или однапред подготвено, навел Спасиќ и додал дека патеката по која трчала Јелена е прегледна што укажува дека убиецот е доста способна личност.

Спасиќ смета и дека е чудно што пејачката се одвоила од семејството и нагласува дека треба да се истражи што се случило ноќта пред убиството во семејството, но какви контакти имала и дали на некого му најавила дека утре ќе трча.

Jelena-Krsmanovic-ubistvo2-620x350-1-520x294

Тој додал и дека убиецот може да биде и жена како и дека на патеката на која трчала убиецот не можел да дојде пешки и дека најверојатно имал некој кој му помагал.

Според мислењето на Спасиќ постојат две опции – некој да ја ликвидрал Јелена и ја фрлил во канал, па ги расфрал нејзините работи, а втората дека убиецот ја грабнал и влечел при што таа ги загубила патиката и мобилниот телефон.

Како што додал, важно е да се истражи мотивот на убиството. Според неговите зборови треба да се земат предвид семејните околности, но не исклучил ниту можност за таканаречено модерно убиство кое било поврзано со корисниците на социјалните мрежи.

One comment

  • jovanka

    10 април, 2016 at 19:31

    steta za tolku mlada i uspesna da bide tolku brutalno ubiena,toa moze da go stori samo nekoj psihopa tbez ogled dali e slucajno ili namerno,sekako golema tragedija,i ubiecot treba sto poskoro da se otkrie.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag