Пејачката Јосипа Лисец и Карло Метикош се запознале во далечната 1971 година, а љубовта им се случила на прв поглед.
И по 25 години од смртта на Карло, Јосипа и понатаму на секој настап и на секоја минута се присетува на својот сопруг, му пишува писма, го сака… Вели дека никогаш не помислила на друг маж.
– Па така се погледнавме и од тогаш сме заедно, рекла Јосипа во едно интервју.
– Никогаш не разговаравме онака монструозно како денес што слушам кога луѓето разговараат. Никогаш еден кон друг не сме се опцуле или да си треснеме врата. Што имавме ќе си кажевме веднаш, ништо не остававме за подоцна. Се решававме со разговор. Кога некој од нас беше изнервиран или под стрес, другиот ќе го крене, така се менувавме и функциониравме, напишала Јосипа Лисац на Инстаграм за својата најголема љубов.
Заедно поминале 20 години, Карло починал на 10. декември 1991 година од срцев удар.
Но, ни смртта не успеала да ги раздели. Пејачката вели дека нема минута, а да не помисли на него.