Како да го изберете вистинскиот костим за капење според типот на вашето тело?

popara11 јуни, 20163min00
1
Модните експерти советуваат при купувањето на костим за капење, најпрво обрнете внимание на две работи – дали ви стои добро кај задникот и дали одговара на типот на вашите гради.

Летото полека ни се приближува, а со самото тоа и соочувањето со вечната женска летна дилема – како да се одбере идеалниот костим за капење.

Се чини дека пазарот нуди речиси сè што им е потребно на жените – висока половина, ниска половина, врзување, на копчиња, триаглесто бикини со меки и цврсти кошници, костими кои ги прикриваат недостатоците и ги истакнуваат совршените делови од телото…

Што се однесува до долниот дел, важно е да не е преголем ниту премногу мал, да покрива сè што треба и да не се поместува додека се движите, а бирањето на горниот дел е малку покомплицирано.


Јаболчеста форма на телото – еднобоен горен и шарен долен дел од бикинито

Ако имате „јаболчеста“ градба, одберете костим за капење чиј горен дел е еднобоен, а долниот е шарен, пожелно со искривена линија од страната која ќе остава впечаток дека сепак, имате половина.


Широки колкови – впечатлив горен и едноставен долен дел

Од друга страна, жените кои имаат широки колкови треба да бираат костими за капење со впечатлив горен дел и еднобоен, помалку впечатлив долен дел.


Мали гради – впечатлив горен дел

Ако имате мали гради, за вас се идеални триаголните бикини или пуш-ап костимите кои изгледаат како градник. Сепак, не треба да претерувате со перничињата, бидејќи вашата мала „измама“ на плажа ќе биде лесно видлива. Важно е само нежно да ги нагласите градите. Добар трик се и шарени примероци како точки или цветчиња кои ќе ги направат градите визуелно поголеми.


Големи гради

Најголема грешка е големите гради да ги „спакувате“ во триаголни бикини за два броја помали – ефектот е сосема погрешен. Ќе изгледа вулгарно, а не женствено. За вас, идеални се кошниците кои даваат поддршка. Доколку сакате визуелно да ги намалите градите, послужете се со следниот трик – одберете горен дел во потемна боја и гаќички со „жив“ дизајн.


Стомаче – едноделен костим за капење

Доколку имате масни наслаги на стомакот, едноделниот костим ќе го затегне и визуелно ќе го намали вашето стомаче.