Мојот дом е мојата тврдина! – гласи една англиска поговорка. Но и покрај тоа има доста луѓе кои почувствувале во својот дом некое непријатно чувство, замор, слабост. Најинтересно е што овие симптоми исчезнуваат кога човекот ќе излезе од куќата. Во таков случај можеме да заклучиме дека во домот има лоша енергија.
Како да го заштитме домот од влијанието на темните сили? За почеток, закачете од внатрешната страна на вратата снопче пелин или лукче. За да имате среќа, на истото место добро би било да поставите потковица или сувенир-метла со дршката нагоре. На прагот под чергичката ставете мали ножички со острицата свретена кон вратата.
Многу е важно во домот да чувате икони бидејќи тие ја неутрализираат лошата енергија. Почесто палете свеќи и темјан. Барем еднаш месечно прочистете го вашиот дом на следниот начин – Треба да ги прчистите сите простории во домот. Кога ќе влезете во собата направете крст во воздухот со запалена црковна свеќа, испрскајте три пати со света вода и кажете ја следнава молитва: Оче наш кој си на небото, избркај ги сите мрачни сили од мојот дом!
Обидете се да не каните во вашиот дом негативни, завидливи, љубоморни луѓе. Особено е важно да не им дозволувате да влегуваат во спалната и детската соба. Во вашиот дом мора да има една просторија во која да не стапнува туѓа нога – тоа е центарот на позитивната енергија.
Не чувајте во вашиот дом суво цвеќе, школки или полжавчиња – сето тоа е мртва природа и носи лоша енергија. Не украсувајте ги ѕидовите со маски, страшни слики на чудовишта, ѓаволи и слично. По принцип од нив излегува лоша енергија.
Вашата енергија можат да ја цицаат и отидени на оној свет роднини или пријатели, ако нивните фотографии се поставени на видно место. Година дена после смртта на личноста се чува фотографијата, а потоа приберете ја во семејниот албум.