Дерматолозите препорачуваат секојдневно користење на хидратантна крема. Исто како што секојдневното миење на лицето е нешто неопходно за да се отстранат мртвите клетки, нечистотијата и бактериите, така на лицето му треба и хидратација.
Водата, а не маслото, е таа која што ја одржува влажноста на кожата и ја прави нежна и мазна, додека сувата кожа лесно ја губи својата еластичност и е поподложна на брчки.
Не се залажувајте со цената
Во козметичката индустрија не секогаш добивате подобро ако поскапо го платите. Доколку платите 2000 денари за крема која ветува сјајна кожа, намалување на брчките и на дисколорациите на лицето, може на крај да не добиете ништо од тоа.
Наместо да ја гледате цената, гледајте ги состојките. Доколку имате чувствителна кожа барајте крема која не е парфимирана и не содржи масла. Прочитајте кои состојки се добри за вашата кожа, а кои не, убаво запомнете го списокот и потоа тргнете во шопинг.
Имајте го во предвид времето
Во различни временски услови потребни ви се различни креми за хидратација. Кога времето е потопло нема потреба да ја третирате вашата кожа со „тешки креми“. Со зголемената влажност на воздухот и зголеменото потење, овие креми можат да го спречат природното дишење на кожата и да предизвикаат акни на кожата. Во ладните денови на кожата и треба поголема заштита. Доколку немате масна кожа, потребна ви е крема со збогатена формула која ќе го заштити лицето од сувото време. Кога нанесувате крема во зимските денови, особено внимавајте на областа околу очите и усните, бидејќи тие најмногу страдаат од студот.
Збогатена формула
Не ви треба формула со многу фенси имиња на непознати состојки. Дерматолозите сметаат дека одредени витамини и антиоксиданси можат да го стимулираат производството на колаген, така што кожата подолго ќе ја задржи својата еластичност.
Меѓу состојките кои можат да ви помогнат во овој процес се Витаминот А, состојки од соја, и Витаминот Ц (кој не треба да се комбинира со Витаминот А).
Важен е типот на кожата
Пред да почнете да барате хидратантна крема, прво треба да знаете каков тип на кожа имате. Сигурно веќе знаете кои типови на кожа постојат, а кој е вашиот можете да одредите доколку ги следите промените на вашето лице. Видете дали вашата е сува преку целиот ден, или пак има масен сјај? Убаво истражете и проценете што е најдобро за вас. Козметичките компании токму за тоа и ги обележуваат кремите.
Користете креми за заштита од сонце
Ултравиолетовите зраци ја потпечуваат хидратацијата на кожата, па затоа секогаш кога има сонце треба да користите крема за заштита од сонце, која можете да ја комбинирате со вашата хидратантна крема. Дерматолозите советуваат да се користи најмалку 15ка заштитен фактор, и кремата да се нанесува на секои два часа.