Иако не можете 100% да знаете каква е во кревет додека не пробате, сепак постојат неколку знаци кои ја откриваат женската сензуалност во него.
1. Има сензуални движења
Не се лажете со девојките кои имаат брзи и отсечни движења, мислејќи дека тие се алфа жени. Преголемиот ентузијазам не значи дека истиот се пренесува и во креветот. Поважно е да ги следите движењата како нишање на колковите или наведнувањето. Жената која знае да се снајде во креветот не е толку динамична, колку што е заводлива.
2. Допир
Експертите велат дека жените кои без проблем ги допираат мажите во јавност, исто така ќе бидат опуштени и кога ќе се најдат зад затворена врата. Нежниот допир по вратот или ногата, без срам или двоумење, секако е добар знак.
3. Скриена самодоверба
Не се лажете со самодовербата до небо, „паднете“ на оние суптилни пофалби. Одлично е кога жената има високо мислење за себе, но ако тоа го раскажува на секој чекор, веројатно се обидува да се убеди себеси дека е добра, а не вас.
4. Безобразни разговори
Ако секој збор ѝ има сексуална конотација, не се залетувајте. Жените кои експлицитно објаснуваат секс сцени се обидуваат да го сокријат своето неискуство, баш како во случајот со самодовербата. Од друга страна, жените со кои секогаш треба да погодувате што мислат (дали тоа што го кажала има врска со секс или само вас така ви зазвучело) се секогаш поинтересни.