Без многу труд и неред во кујната, овие светкави јајца ќе ја направат велигденската трпеза да изгледа преубава.
Потребно е:
– Лепак
– Четка за сликање
– Светки
– јајца
Постапка:
1. Премачкајте го јајцето со тенок слој лепак. За премачкување користете четка за сликање.
2. Прелијте го целото јајце со светки
3. Оставете го јајцето да се исуши (околу еден час)
4. Нанесете и преку светките тенок слој на лепак за да не испаѓаат светките од јајцето
5. Откако повторно ќе се исуши украсете ја вашата корпа со светкави јајца.
Напомена: На овој начин можете да украсите само пластични јајца за декорација