1. Ви испраќа порака само да ве поздрави, да ви посака добра ноќ или добро утро…Момчињата инаку не сакаат многу да пишуваат или да се јавуваат, па ако ја имате таа привилегија без посебна причина, значи дека полека но сигурно го освојувате.
2. Редовно ви се јавува. Ако пораките значат нешто, верувајте повиците значат уште повеќе. Тоа значи дека мисли на вас, дека во стомакот има пеперутки кога ви го слуша гласот.
3. Неговите пријатели почнуваат да ве гледаат попреку. Не затоа што не им се допаѓа изборот на нивниот пријател, туку затоа што почнал нив да ги запоставува за да се гледа почесто со вас.
4. Подготвен е на сите можни компромиси. И кога велиме се навистина мислиме дека нема нешто за кое не е подготвен на преговара со вас.
5. Се подразбира дека сте негова плус еден. Ако е поканет на свадба, роденден, свечен ручек…каде и да е секако дека вие одите со него.
6. Вие сте дел од секој негов план. Кога говори за идни планови редовно ќе слушнете наместо јас “ние“. Твој веќе ве смета за дел од неговиот живот.
7. Сосема му е нормално да остава свои работи кај вас дома и не се брза да ги земе.