Како да станете магнет за мажите?

popara3 април, 20161min00
23

Постојат два типа на дами, оние кои се природни заводнички и оние кои ги знаат сите тајни на заведувањето.

Без разлика дали станува збор за однесувањето или изгледот, тие саканиот маж знаат како да го направат свој.

Ако сакате да го заведете човекот кој ви се допаѓа, обидете се тоа да го направите со некој од следниве трикови:

Бидете опуштена…

Немојте да дозволите главна преокупација да ви биде сериозна врска. Дамите кои размислуваат само за тоа, можат да им изгледаат на мажите малку очајно и напорно, а тоа нив не им е привлечно.

Женственост…

Дефиницијата за успешно заведување е едноставна – бидете жена во вистинската смисла на зборот, облекувајте се како жена и одете како жена. Научете да танцувате и правете го тоа заводливо. Додадете му на вашиот глас мек тон, говорете потивко и подлабоко, тоа на мажите им е привлечно.
Покарај сето тоа бидете таинствена. Немојте да заборавите да бидете женствена.

Атрактивна но и паметна…

Вистина е дека мажите прво ќе ги привлече атрактивниот изглед, но тие исто така сакаат дама со која ќе можат да разговараат. Затоа немојте да кажете дека немате време да читате, да учите нови работи и заведете го со вашата интелигенција.

Научете да флертувате…

Ако сакате да флертувате, најпрво мора да научите како тоа се прави.
Покажете му дека ви е важно, но не претерувајте.
Кога ќе го видите нежно насмевнете се, потпрете ја главата на неговото рамо кога ќе имате можност за тоа и дискретно смејте се на неговите шеги. Ова е сосема доволно за да сфати дека ве привлекува.

Смирете ги своите емоции…

Мажите не сакаат дами кои имаат често претерани изливи на емоции па затоа бидете внимателни.
Ако тој направи нешто што за вас е неприфатливо и понижувачко немојте да викате, плачете и да станете хистерична.
Наместо тоа, земете воздух и бидете мирна и стабилна па објаснете дека одредени ситуации нема да толерирате повеќе.
Самопочитувањето е клучна работа поради која мажите ќе ве сакаат. Не прифаќајте компромис кој е лош за вас.

На крајот, имајте на ум дека сама на себе сте си најважна и ако сама се сакате и почитувате и околината ќе го направи тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag