За многумина, транзицијата на Кејтлин Џенер е екстремна и ексцентрична, но како децата гледаат на истата? Нивните искрени реакции се вистинската инспирација која ви е потребна денес.
На почетокот на видеото на децата им покажуваат фотки од Брус Џенер за кој тие велат дека има цврсти и силни раце. А, потоа гледаат слика од Кејтлин за која велат дека е среќна, смирена и со голема самодоверба.
Но, кога научија дека се работи за еден ист човек, децата имаа супер одговор „Таа треба да биде она што сака да биде, а ако не си свој тогаш кој си?”