Kако е тоа можно: Има фантастично тело, а секој ден јаде крофни!

popara4 јули, 20162min00
12
Лаура Бејкер (28) има 60 килограми, мускули за кои повеќето жени можат само да сонуваат и опсесија со крофни и „нездрава храна“. Таа на својот блог секојдневно објавува рецепти за крофни и бисквити, што не е нешто што би очекувале од жена која изгледа толку добро – но, нејзината тајна не е само во посветеното вежбање, туку и во „паметните“ состојки кои ги става во своите слатки.

Лаура до пред три години работела во канцеларија, имала повеќе од 70 килограми и верувала дека мора да јаде „здодевна“ храна како бела риба и брокула за да изгледа добро. Иако се занимавала со фитнес, никогаш немала храброст во целост да му се посвети на тоа – а, тогаш, пресекла и решила целото свое време да го посвети на пишување на блог и вежбање.

За осум месеци успеала да добие околу 10 илјади следбеници на својот блог “GirlGainz” на кој, на изненадување на многумина, не објавува приказни за вежбање и трчање, туку рецепти за колачи. Да, да, вистински колачи – крофни и бисквити поради кои би ви потекле лиги. И таа секојдневно ги јаде, но тоа не ја спречило да изгледа фантастично.

„Многу сакам слатки и поради тоа направив блог. Да покажам дека со малку креативност можете вашите омилени десерти да ги вклопите во исхраната. Мислам дека во храната треба да се ужива! Не верувам во диети, особено не во оние со брзи резултати“, вели таа.

Кога сфатила дека може редовно да вежба и да јаде слатки, а покрај тоа да има и извајани мускули, Лаура вели дека нејзиниот живот целосно се променил. Таа денес на сите им советува редовно да вежбаат и да јадат вкусна и здрава храна.

Рецепт за здравите крофни на Лаура

Потребни состојки:

» 40 грама кокосово брашно
» 25 грама протеини во прав со вкус на ванила
» 60 грама сос од јаболко
» 80 грама белки
» 1 цело јајце
» ½ лажичка цимет
» 12 лажички прашок за пециво
» 50 мл обезмастено млеко

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе ги калапите за крофни од рерната. Сите состојки едноставно ставете ги во блендер, па добиеното тесто печете го околу 30 минути. За глазура измешајте малку млеко со протеин во прав со вкус по желба.

Од ова ќе добиете девет помали крофни, а секоја од нив има само 50 калории и 5.3 грама протеини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag