Софија Вергара на Инстаграм често објавува фотографии од младите денови, а со последната фотка стара точно 30 години ги воодушеви своите фанови.
Актерката Софија Вергара денес е горда претставничка на фигурата на песочен часовник. Колумбиската убавица многумина ја сметаат за заслужна за популаризацијата на облините, но како и многу други жени, во детството таа била многу слаба и поради тоа добивала критики од блиски луѓе.
Пред неколку години во едно интервју призна дека нејзините браќа и пријателите немилосрдно ја задевале поради слабата градба и ја нарекувале „стапче“. На Инстаграм Софија објави фотографија од тој период стара точно 30 години. На неа, 13-годишната Софија во родниот град ужива во малите летни радости со своите пријателки.
Меѓутоа, актерката добро се справувала со коментарите на сметка на нејзиниот изглед, а многу потешко ѝ паднал пубертетот кога почнала да добива облини. „И понатаму бев слаба, но одеднаш само ги имав тие огромни гради. Се чувствував ужасно и ѝ реков на мајка ми дека ќе ги намалам веднаш штом ќе наполнам 18 години“, раскажа Софија во една прилика.
Во меѓувреме убавата Колумбијка научила да ја цени својата нова фигура и станала горда на неа: „Не сакам да бидам екстра слаба. Кога жените ќе наполнат одреден број на години изгледаат подобро со малку масти на телото. Јас сум Латина и луѓето од мене очекуваат да бидам полничка.“
Во приложените фотографии погледнете како изгледала атрактивната бринета во младите денови.
Ние мислиме дека како што старее станува сè попривлечна, се сложувате?