Како Ким Кардашијан ослабна толку брзо и по втората бременост

popara12 јуни, 20161min00
9

Нејзината диета повторно е во центарот на вниманието.

Општо познато е дека познатата реалити ѕвезда ја користи Аткинсовата диета која во прдел план го става намаленото внесување на јаглехидрати, а со која и по втората бременост Ким има резултати. Нејзиното мени се состои од јајца, немрсно пилешко, јаткасти плодови, свеж зеленчук, сирење и овошје како авокадо.

Аткинсовата диета се базира на ниско внесување на јаглехидрати (леб, компир, тестенини и ориз), а високо количество на белковини и добри маснотии. Покрај диетата Ким Кардашијан и редовно вежба во фитнес студиото „Gunnara Petersona“ заедно со своите сестри, а често оди и на џогирање. Таа призна дека не е љубителка на вежбањето, но и дека мора да вежба доколку сака да ги изгуби последните 10 килограми што ги стекна во бременоста.