Мејтланд Ворд е американска актерка која често можевме да ја видиме во, па да речеме чудни комбинации на облекување.
Овој пат таа се фотографираше на плажа во Калифорнија, но не баш соодветно облечена – црн летен фустан и дебел волнен шал.
Сосема е во ред да бидете креативни и да ги мешате стиловите, но јасно е што е целта на оваа актерка – да го привлече вниманието. Таа успеа во тоа, но немојте и вие така, особено ако не сакате да привлечете внимание наместо почит.
Црниот фустан е во ред за вечерно излегување, а оваа зима е многу модерно да се носи со џепер од кашмир, вискоза или плиш.
Што се однесува до шаловите, тука не се издвои ниту еден посебен тренд. Се носат во сите бои и дезени, од различни материјали, широки и тесни… Па така, свилениот шал од обичен фустан ќе направи свечена комбинација за облекување.
Ако немате соодветен ѓердан, префрлете го шалот лабаво преку вратот. Облечете се скроз во црно и ставете некој шал во јаки бои за да ја разбиете комбинацијата.
Во прилог погледнете ги советите како да врзувате шал или марама како стилист, пишува Зазабава.
https://www.youtube.com/watch?v=gZClHB-AlGg