На македонскиот пазар се повеќе се нуди замрзнато увозно свинско месо за консумација во малопродажбата. Истото се нуди по багателни цени во споредба со домашното свежо. Дали сте сé запрашале зошто е тоа така и дали постои значајна разлика во квалитетот помеѓу нив!?
Доколку ги споредите според надворешниот изглед разликите помеѓу свежото домашно и смрзнатото увозно свинско месо се очигледни, но сепак покрај надворешниот изглед постојат и други значајни разлики.
Кога месото е свежо тоа e највкусно и најсочно и подготвено за готвење и консумација.
Увозното смрзнато свинско месо се нуди во нашите продавници, угостителски дуќани и малопродажбата (иако е исклучиво наменето за преработка) по период на подолго чување во ладилнците (од 3 до 6 месеци). За да го продадат како свежо, водени од желбата за заработка по секоја цена, за жал одредени оператори применуваат низа недозволиви постапки за да ова месо го пуштат во промет како свежо (триење со сода бикарбона за посветла боја, додавање на вода заради зголемување на специфичната тежина и.т.н).
Доколку сакате да јадете квалитетно свинско месо, одберете го свежото домашно месо, заради повисоката хранителна вредност и сочуваните хранливи состојки како и незаменливиот вкус.
Во продолжение неколку корисни совети како да препознаете дали месото е навистина свежо:
– Доколку месото е одмрзнато (било замрзнато), мора да е така и декларирано !
– Продажните објекти и кланиците продаваат свежо, разладено и замрзнато месо со валидна декларација на која е назначена земјата на потекло, рокот на траење, нето-тежината, местото на обработка и условите на складирање (побарајте ја декларацијата за да се уверите!),
– Доколку месото не е свежо, тоа ја менува бојата, потемнува, се јавува слузавост и сиво-зелена боја, а коскената срцевина од црвена станува сиво-зелена (воочете ги промените!),
– На дното на садовите во витрините каде што се продава, доколку се работи за месото кое било замрзнато, се издвојува поголемо количество крвав воденикаст исцедок(воочете ги промените!),
– Сепак, доколку не го препознаете навреме и го купите, запомнете дека еднаш одмрзнатото месо не е погодно за повторно замрзнување,
– Сепак, доколку не го препознаете навреме и го купите, одмрзнатото месо за кое сметате дека е свежо, многу бргу ќе го измени својот изглед, народски речено ќе се расипе и умириса. Немојте да се обидувате да го надминете овој проблем со негово зачинување и термичка обработка, за жал ова месо не е погодно за конумација!