Кога се во прашање девојките, момчињата знаат точно каква девојка сакаат, тука мислиме на девојка која се подготвени да ја претстават пред своето семејство, пријателите и колегите.
Прочитајте што освен физичкиот изглед го бараат од својата потенцијална партнерка.
Девојка со самодоверба
Тие сакаат девојка која и е “удобно во својата кожа“. Сакаат жена која зрачи со енергија и која не се труди постојано да изгледа убаво.
Паметна девојка
Вистинските момци никогаш не би влегле во врска со девојка која не сметаат дека е паметна.
Спонтана девојка
Девојка која е подготвена да влета во непланирани авантури, која знае да ужива и да се смее.
“Ладните“ девојки кои се лутат ако некој план се измени во последен момент не се баш пожелни.
Девојка која цврсто стои на земја
Девојките кои постојано бараат невозможни работи, само затоа што мислат дека “им се може“, за кратко време им стануваат напорни и неинтересни на мажите.