Карлеуша фатена во лага: Фустаните ти се фејк!

popara19 јуни, 20161min00
10

Кога купуваш копии барем потруди се да се сокриеш! Самопрогласената дива, Јелена Карлеуша, беше јавно исмеана поради тоа што промовира копии од брендот Долче и Габана.

Јелена најпрвин објави фотографија од своите ќерки Атина и Нина на која се пофали дека и на своите ќерки им купила облека од новата колекција за сезоната пролет/лето 2016-та.

Сепак, изгледа дека она што го купила пејачката нема врска со оригиналот бидејќи Стефано од Долче и Габана јавно и искоментира „Мама ми се допаѓа овој фејк“.

По ова пејачката се најде во небрано, па се обиде да ја поправи ситуацијата со коментарот:

Бејби, фустаните се фејк ако во твоите продавници се продаваат фејк работи. Ова го зачини со срценце.

По некое време  фотографијата беше тргната од нејзиниот профил. Причина? Најверојатно видела дека „оригиналните“ фустани на нејзините ќерки ги нема на официјалната страна на брендот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *