Кажете им збогум на сувата кожа и брчките

popara15 јуни, 20161min00
7

Веројатно сте пробале најразлични козметички продукти за хидратација на кожата, но ефектите се краткотрајни.

За да го решите проблемот со сувата кожа и брчките, потребно е да ја третирате причината, а не неговите симптоми. Враќањето на хидратацијата на кожата е можеби една од најтешките задачи. Меѓутоа, според Илди Пекар, славната козметичарка која се грижи за прекрасната Миранда Кер, со помош кокосовото масло можете да се збогувате со овие проблеми. „Кокосовото масло е ефективна состојка која се користи за нега на кожата. Тоа има многу придобивки од кои најпозната е одржувањето на хидратацијата на кожата“, вели Илди.

Но треба да направите разлика помеѓу сува кожа и дехидрирана кожа. Сувата кожа е нешто со кое се раѓате, а дехидрираната кожа значи недостаток на вода. Доколку имате сува кожа, Илди препорачува да измешате кокосово масло со сок од лимон и да го нанесете на лицето. Маслото ќе ја хидратира кожата, а лимонот ќе ви го освежи тенот. А, за дехидрирана кожа најдобро е маслото да го користите во комбинација со хидратантна крема на водена база.

Кокосовото масло содржи позитивни антиоксиданси како витамин Е и про-витамин А, кои го забавуваат стареењето, тврди дерматологот Дејвид Бенк. „Оксидацијата е една од главните причини за стареењето на кожата, а кокосовото масло може да помогне да се намали штетата предизвикана од слободните радикали.“ Количините на витамин Е кои ги содржи кокосовото масло делуваат како заштита, а со тоа и како регенератор на кожата, додава Бенк.

Бидејќи содржи и ефективни антиоксиданси и ферулова киселина, но и ја негува PH вредноста на кожата, кажете им збогум на брчките и флеки, и постигнете го сјајот на здрава кожа.