Кејт Аптон во улога на секси домаќинка

popara11 март, 20161min00
30

Во јубилејното 100-то издание на магазинот V, атрактивната манекенка, Кејт Аптон, направи фотосесија во улога на секси домаќинка. Таа потсетува на една луксузна домаќинка, која вели дека сигурно би била ако не била манекенка.

На фотографиите може да се види како Кејт позира во кујна, облечена во златен долг фустан, додека фотографот Себастијан Фаена кој е зад објективот го забележува секој момент.

Освен во кујна, фотографиите се направени и во спалната соба, но и во дворот.

На фотографиите 23-годишната манекенка носи креации со потпис на “Miu Miu“, “Dior“ и “McQueen“. Кејт во последно време работи на филмот „The Disaster Artist“, во кој ќе глуми Џејмс Франко и неговиот помлад брат – Дејв.