Кејти Пери и Орландо Блум заминаа на првиот романтичен одмор (на Хаваи), откако имаат статус на вљубена двојка.
Поп-ѕвездата и Холивудскиот актер беа фатени од папараците да се шетаат во спортско издание, фатени за раце. Очигледно двајцата решиле да вежбаат за време на одморот во Кауај и поконкретно во паркот “Na Pali Coast State”
Пери и Блум беа забележани за прв пат да се држат интимно по наградите “Златен глобус” на 10 јануари, кога си заминаа прегрнати од церемонијата.
Оттогаш двајцата неколку пати беа фатени заедно, а според гласините, тој веќе ја претставил на својот син Флин.
И Кејти, и Орландо се разведени веќе еднаш еднаш. Таа со британскиот комичар Расел Бренд, 40, а тој со австралискиот супермодел Миранда Кер, која е мајка на неговото дете.