Ким Кардашијан најави дека во новата епизода од „Keeping Up With the Kardashians“ ќе се појави и нејзината двојничка – Камила Осман.
Се сеќавате на канадската модна блогерка Камила Осман? Таа е девојката која има долга коса, кафеави очи и усни како 35-годишната ѕвезда и над 240.000 следбеници на Инстаграм благодарение на нејзината сличност со Ким.
Но, дали некогаш сте се запрашале дали би биле толку слични ако во живо се сретнеа? Имаме можност да добиеме одговор на тоа прашање.
Неодамна тие се сретнале и секако моментот го претвориле во селфи кое и двете го објавија на социјалните мрежи.
Погледнете ги двете заедно, тешко од прва да погодите која е која, нели?