Ким Кардашијан (35) неодамна се пофали со нејзината нова линија и витка половина, па се потруди тоа и да го покаже пред целито свет!
Ким гордо го покажа резултатот од напорната работа кога се појави на вечера заедно со нејзиниот сопруг во еден познат ресторан на Санта Моника. Таа за оваа пригода носеше свилена блуза со тантела и длабоко деколте која ја носеше вовлечена во кратко и тесно мини здолниште. Комбинацијата е заокружена со сандали со високи потпетици и црно кимоно, како и нејзиниот нов омилен моден додаток – црната кожена лента околу вратот.
Инаку, оваа комбинација следува веднаш по нејзината објава дека сега има 56 килограми и дека со напорно и постојано вежбање и строга диета ослабела 31 килограми за само неколку месеци. Повеќе од очигледно е дека е задоволна од нејзиниот изглед, па во блиска иднина очекуваме и многу други провокативни комбинации.
Што мислите вие за нејзиниот изглед?