Кинескиот производител LeEco сака да направи бум на европскиот и американскиот пазар со својот најнов телефон. Да погледнеме што ќе ни понуди…
Уредот се појави на AnTuTu бенчмарк тестот и успеа да направи резултат од 163,546 поени, нешто кое е резервирано за одредена елитна група на телефони. Наречен LeEco Le Pro 3, се претпоставува дека ќе добие 5,7 инчен екран на допир со QuadHD резолуција од 2560 x 1440 пиксели, додека за перформансите ќе се грижи новиот quad-core Snapdragon 821 процесор.
Спецификациите се дополнети со импресивни 6GB RAM (Galaxy Note 7 поседува „само“ 4GB), како и простор за складирање на податоци од 64 гигабајти. На задната страна ќе добиеме 16 мегапикселна камера со сензор од Sony и можност за снимање на 4K видеа, додека на предната страна не очекува 8 мегапикселна камера со широкоаголна леќа.
Цената и датумот на продажба засега се непознати.