Во животот научив дека тркалото на судбината никогаш не престанува да врти. За некого побрзо, за некого побавно, но една работа за сите нас е иста – ќе дојде денот кога оние кои биле горе и гледале на останатите од високо, ќе се најдат на дното и ќе треба да ги платат сметките…
Прочитајте ја оваа поучна приказна:
Тој: Не сум те видел вака насмеана веќе долго време…Заборавив како светкаа твоите очи кога ме гледаше…
Таа: Јас се сеќавам – ти сам се откажа од нив.
Тој: Ти беше мала, бараше многу внимание, јас сакав да се чувствувам слободен…
Таа: Сега си слободен.
Тој: Не, сега сум само осамен…
Таа: Зошто?
Тој: Затоа што никој нема веќе потреба од моето внимание…
Таа: Зошто ме гледаш така?
Тој: Се гледам себе си во твоите очи.
Таа: И што гледаш во нив?
Тој: Гледам колку многу си ме сакала и колку те болело…
Таа: Како го виде тоа?
Тој: Ме гледаш со истиот празен поглед со кој јас тогаш те гледав, а сега јас те гледам така како што ти ме погледна кога свати дека си ме загубила засекогаш!