Ќе ви го променат животот: 16 арапски поговорки за најдлабоките прашања во животот

popara19 мај, 20161min00
4

Поговорките кои следат ќе ви доловат дел од мудроста која со години се пренесувала од колено на колено.

1. Отвори ја устата само ако имаш да кажеш нешто поубаво од тишината.

2. Армија овци предводена од лав ќе победи армија лавови предводена од овца.

3. Една грешка носи двојна несреќа.

4. Верувај во она што ќе го видиш и остави го настрана она што ќе го чуеш.

5. Ветровите дуваат секогаш спротивно од тоа што бродовите сакаат.

6. Ако сте наковална, бидете трпеливи; ако сте еден чекан, удрете силно.

7. Оној кој бара безгрешен пријател на крајот останува сам.

8. Онаму каде сонцето сјае цел ден се создава пустина.

9. Одгледувајте зелено дрво во срцето и можеби еден ден некоја птица песнопојка ќе слета на него.

10. Гордоста во поразите те прави добар човек. Надминувањето на гневот те прави весел човек. Надминувањето на страста те прави успешен човек. Надминувањето на алчноста те прави среќен човек.

11. Не можете да контролирате друг, ако не можете да се контролирате себеси прво.

12. Ако се плашите од нешто – не го правете го; ако го правите – не плашете се!

13. Победата покажува за што сте способни; поразот покажува колку навистина вредите.

14. Не отворајте врата која не можете да ја затворите.

15. Мажите кои не им ги простуваат малите грешки на жените никогаш нема да уживаат во нивните вистински умешности.

16. Ако му ги доверите тајните на ветрот, не го обвинувајте што им ги пренел на дрвјата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma