Без разлика дали има некоја вистина во тоа или не, секогаш е интересно и забавно да се бара можниот одговор на ваков тип прашања со цел барем малку да се задоволи човечката љубопитност. На сите понекогаш ни треба малку помош кога станува збор за љубовта, па зошто да не се консултираме со ѕвездите? Доколку ве интересира да видите кој хороскопски знак е вашиот идеален партнер, погледнете ја оваа листа на 12 парови кои совршено би си одговарале…
1. Вага и Близнаци
Нивната интелектуална поврзаност остава без зборови. И двата знака обожаваат да бидат ментално стимулирани. Вагата и Близнаците се многу интелигентни и многу внимание обрнуваат на својата духовност. Помеѓу нив постои хармонија бидејќи и двајцата сакаат да го задржат мирот во врската со тоа што нудат меѓусебно пријателство, знаење и разбирање.
2. Скорпија и Рак
Понекогаш врската не може да функционира ако и двете половини се многу емотивни. Меѓутоа, ова не важи кога се работи за Скорпија и за Рак. Големата емотивност на овие два знака е она што прави тие совршено да си одговараат. Тие се хранат од страста што постои меѓу нив и го одржуваат балансот во врската, со тоа што се поврзуваат во силна целина. Тие се целосно посветени еден на друг, секогаш подготвени да си дадат поддршка и да ја негуваат нивната врска со љубов и грижа.
3. Стрелец и Овен
Стрелецот и Овенот се огнени знаци што доведува до создавање огромна страст помеѓу нив и се познати како вистински динамитен пар. И двајцата зрачат со енергија чиј интензитет само се зголемува како што врската напредува. Ентузијазмот што го имаат еден за друг и општо за животот ги прави поблиски и непобедливи. Иако во некои случаи важи правилото дека спротивностите се привлекуваат, оваа двојка е доказ дека сличностите понекогаш многу зближуваат. Овие два знака во комбинација имаат сила да ја совладаат секоја препрека што ќе им се најде на патот.
4. Јарец и Бик
Има зошто помеѓу Јарецот и Бикот постои поголема хемија од кои било други два хороскопски знака. Тие имаат нешто за што повеќето можат само да сонуваат – бесконечна љубов. Овие две вљубени птички ќе бидат засекогаш заедно. Причината за тоа зошто помеѓу нив постои толку цврста врска е тоа што имаат длабока почит и љубов еден за друг, онаква каква што само вистинските сродни души можат да ја понудат. Ова е парот на кого сите му се љубоморни и кој претставува пример за тоа како треба да изгледа една здрава и функционална врска.
5. Водолија и Близнаци
И двајцата се воздушни знаци со неверојатна психичка поврзаност помеѓу нив. Таа поврзаност оди до таму што тие буквално си ги довршуваат речениците еден на друг. Нивната врска е на некој начин мистична, бидејќи никој друг не може да ја разбере. Тие го прават она што им одговара, без да се грижат што мислат останатите за тоа. И двата знака се многу независни, но тоа не ѝ пречи на врската. Напротив, ја прави посилна. Во секој случај, овие двајца одлучуваат да го поминат животниот пат рака под рака, бидејќи повеќе би сакале да бидат заедно отколку разделени.
6. Риби и Скорпија
Ова е парот со најголема интуиција. Тие толку добро можат да си навлезат во психата, што слободно можат да ги читаат мислите на другите. Сакаат сè да знаат еден за друг бидејќи многу се почитуваат. Тие не се срамат да бидат романтични, без разлика колку тоа изгледа лигаво и претерано за другите.
7. Овен и Водолија
На овие два знака никогаш нема да им биде здодевно, што ќе ја направи нивната врска многу возбудлива. И двајцата имаат голем авантуристички дух и секогаш сакаат да пробуваат нови работи. Другите парови може да си здодеат еден на друг, но овие двајца остануваат силни до крај и секогаш уживаат заедно. Многу е важно што и двајцата знаат дека треба да се одвои време и за пријателите и за себе.
8. Бик и Рак
Бикот и Ракот многу се разбираат меѓусебно. Овие два хороскопски знака совршено си одговараат затоа што помеѓу нив постои цврста физичка и емотивна поврзаност. И двајцата знаат да се ценат еден со друг и да прават компромис. Ова е многу моќна врска бидејќи тие се надополнуваат, што придонесува за тоа нивната љубов да трае долго.
9. Близнаци и Водолија
Помеѓу нив постои силна психичка и емотивна поврзаност. Тие комплетно се разбираат меѓусебно, како да се познавале со години дури и ако поминале само неколку месеци. И двајцата се многу креативни и секогаш имаат интересни идеи и предлози за тоа како да го поминуваат времето. Но, колку и да уживаат да бидат заедно, тие исто така уживаат и во својата независност. Но, тоа не ѝ пречи на врската бидејќи и двајцата разбираат дека потребно е да поминуваат време одвоени за чувствата да станат посилни.
10. Рак и Риби
И Ракот и Рибите се водени знаци, така што веднаш помеѓу нив постои огромна космичка поврзаност. Тие совршени си одговараат бидејќи добро се познаваат и секогаш се горди еден на друг. Нивните карактерни црти се многу компатибилни и заедно во комбинација создаваат една добро функционална целина. Рибите сакаат да се дружат со другите луѓе, додека Ракот сака да се грижи за луѓето околу него, што придонесува за тоа нивната врска да трае долго. Резултатот на сето ова е една длабока, духовна поврзаност која не може така лесно да ја снема.
11. Лав и Стрелец
Страста помеѓу Лавот и Стрелецот е на многу високо ниво бидејќи и двата знака знаат да уживаат во животот. Постојано си даваат меѓусебна поддршка, па затоа кога се во тим ни една нивна цел не е неостварлива. И двајцата се огнени знаци поради што помеѓу нив постои длабоко разбирање. Ова е најзабавниот пар и сите останати парови сакаат да се дружат со нив и да бидат како нив. Страста што овие два знака ја имаат за животот, љубовта и еден за друг е навистина неверојатна.
12. Девица и Бик
И двајцата се земјени знаци што значи дека совршено си одговараат. Девицата и Бикот се многу практични и опуштени во секојдневниот живот поради што нивната врска е смирена, релаксирана и прибрана. Овие два знака се исто така многу искрени и лојални што придонесува за тоа нивната врска да трае долго. Тие се целосно посветени еден на друг, затоа што не само што се надополнуваат туку ги имаат и истите особини и вредности. Поради тоа тие совршено се разбираат и секогаш се на иста бранова должина.