Највисоката просечна плата во регионот била исплатена во Словенија 1.033,95 евра, а најниската во Македонија и според последните податоци за февруари 2016 изнесувала само 356,97 евра.
Просечната месечна нето плата за март 2016 во Словенија изнесувала 1.033,95 евра и била 1,1 отсто повисока од платата за февруари 2016.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во Хрватска за февруари 2016 изнесувала 752,97 евра.
Во Црна Гора, просечната нето заработка за март изнесувала 488 евра. Во однос на февруари 2016, просечната заработка во март 2016 забелажала пад од 0,6 отсто.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во БиХ во март 2016 изнесувала 431 евро и не се менувала во однос на декември 2015.
Во Србија, просечната заработка изнесувала 373,86 евра. Во споредба со платата исплатена во февруари 2016 година, номинално е повисока за 3,2 отсто и реално повисока за 3,3 отсто.
Просечната плата за февруари 2016 исплатена во Македонија изнесувала 356,97 евра.
One comment
MILE
18 мај, 2016 at 10:10
MAKEODNIJA E SRAMOTA SO NAJNISKI PLATI KOGA EDEN DOC, DOKTOR ZEMA 24 .000 PLATA DA TI EBAM PLATATA