Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ го прослави полнолетството. На гламурозна забава 450 гости му го честитаа 18тиот роденден и богато го наградија.
Како што пишува „Информер“, се проценува дека Виктор од пријателите на мајка си и од нејзините колеги добил неверојатни 100.000 евра.
– Сите зборуваат дека најверојатно ќе соберам околу 100.000 евра. Се разбира, дел од тие пари ќе ги дадам во хуманитарни цели, најверојатно за деца без родители, бидејќи веќе бев да ги посетам. Другиот дел од парите ќе ги потрошам на патување со другарите во Италија и Шпанија. Навистина не ми е важно што ќе ми донесат пријателите, меѓутоа подарок во плик е секогаш добредојден – рекол Филип.