Кога ќе дознаете колку е длабока женската вагина можеби повеќе нема да се оптоварувате во прашањето дали големината на вашиот пенис ја задоволува вашата партнерка.
Според истражувањето на Вилијам Мастерс и Вирцинија Џонсон, кое е направено уште во далечната 1966-та година, врз примерок од стотина жени кои претходно не раѓале, утврдено е дека длабочината на женската вагина во состојба на „мирување“ изнесува од 7 до 8 см.
За време на сексуална возбуденост се зголемува од 11 -12 см, а длабочината за време на сексот може да достигне и двојно од тоа што е во мирување.
Грубо кажано пенисот со големина од 14 односно 16 см, можеби не ви звучи како нешто премногу големо, но за многу жени е идеална големина што совршено задоволува.
Совет плус: И да имате некој сантиметар плус или помалку од овој просек, не придавајте големо значење бидејќи истражувањата покажуваат дека жените не посветуваат толкаво внимание на големината на вашиот орган, туку на начинот на кој го користите.