Конечно објавена снимка: Еве што навистина се наоѓа на врвот на пирамидите во Египет!

popara9 септември, 20161min00
Конечно објавена снимка: Еве што навистина се наоѓа на врвот на пирамидите во Египет!

Искачувањето на пирамидите во Египет е строго забрането. Доколку се обидете, освен што може да загинете, поради оштетување на овие прастари споменици може да завршите во египетски затвор.

Тоа меѓутоа, не го запрело германскиот блогер Андреј од Минхен. Овој 18-годишник обожава да се искачува по згради и разни споменици.

Младиот Андреј тргнал да се качува, игнорирајќи ги предупредувањата од другите туристи и од полицијата, бидејќи, како што напишал, не ги разбрал со оглед на тоа што зборувале на арапски.

Своето искачување на 4500 години старата Голема пирамида во Гиза го забележал со камера. До врвот на 146 метри високата пирамида му требале осум минути – за слегување нешто повеќе, дури 20 минути бидејќи, како што напишал „безбедноста е на прво место“. Но се исплатило бидејќи погледот е неверојатен.

Како што пишуваат медиумите, младиот Германец бил приведен откако слегол од пирамидата, но полицајците сепак го пуштиле, заедно со сите снимки кои ги направил.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag