Викторија Бекам деновиве престојува во Њујорк за финалните подготовки пред презентирањето на новата колекција.
42-годишната дизајнерка беше уловена од папараците на меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во елегантен стајлинг кој вклучуваше бела кошула, розови панталони и бежови сандали.
Додека излегуваше од својот хотел во Големото јаболко, Викторија изненади со лежерно издание. Минималистичкиот стајлинг се состоеше од црна кошула, широки бели панталони и комфорни ниски сандали.
Бекам ќе ја претстави најновата колекција на 11 септември.