
Актерката Кристен Стјуарт минатиот месец ги потврди гласините дека е во врска со француската артистка Стефани Соколински попозната како СоКо.

Амбасадорката и ѕвездата на парискиот моден бренд Шанел, 26 годишната Кристен во моментот е во Њујорк каде ужива со својата нова љубов. Таа се уште им е интересна на папараците кои го следат секој нејзин чекор, а она што нас не интересира најмногу е нивниот стајлинг.

Тие и двете изгледаат како тукушто да завршиле со снимање на некој панкерски филм облечени од глава до пети во парчиња со типична панк-рокерска естетика надополнета со њујоршкиот кежуал стил.