
Тие се самоуправувачка држава во соработка со Нов Зеланд и се распослани на површина од 240 квадратни километри. Главен центар е градот Аваруа, кој се наоѓа на островот Раротонга, каде што е сместен аеродромот, преку кој доаѓаат туристите. На 15-те острови живеат нешто помалку од 15.000 луѓе, кои воглавно се занимаваат со туризам. Официјални јазици на државата се англиски и куковоостровски маорски.
























