
Попаметниот попушта, велат нашите стари. Меѓутоа, во пракса многу честа е ситуацијата да паметниот очајнички сака да му докаже на будала дека е будала, па во тој процес и самиот испаѓа лудак.
Birdbox Studio направиле духовито видео на оваа тема кое трае само една минута, но на сликовит начин ја докажува поентата – со идиотите едноставно не треба да влегувате во расправа.
Резултатот е трагичен, а во исто време пресмешен цртан филм кој секако вреди да се погледне.
Уживајте…