Многу нутриционисти и стручњаци за здрава и урамнотежена исхрана препорачуваат внесување на лимун во било кој облик, бидејќи 100 грама од ова овошје содржи само 19 калории, како и многу здрави и корисни состојки.
Ако сакате да ја дотерате линијата пред празниците што се наближуваат, тогаш лимунот е ваш сојузник. Започнете го денот со свежо исцеден лимун во топла вода за да го намалите чувството на глад, да го очистите црниот дроб и да го поправите варењето.
Витаминот Ц го зајакнува организмот и помага во топење на вишокот килограми и трошење на калории, го чисти дигестивниот систем и ја стимулира работата на бубрезите, со што помага при излачување на токсините од телото.
Лимунот ќе ве засити благодарејќи на неговата состојка пектин – влакна што во контакт со вода во желудникот набабруваат, па вашиот мозок добива сигнал дека е сит и на тој начин се намалува чувството на глад. Освен тоа, лимунот го спречува задржувањето на вода во телото и на тој начин ви помага во решавање на целулитот.
Стручњаците советуваат пред секој оброк да испиете чаша лимунада, за да го избегнете предјадењето. Затоа свежо исцеден лимун треба да биде ваш избор на пијалок во тек на претстојните празници.