Лиснати стапчиња со мак

popara14 ноември, 20161min00
9

Состојки:

  • ½ кг брашно
  • 200 гр маргарин
  • 1 прашок за печиво
  • 100 гр мелен афион
  • 200 гр. тврдо сирење
  • 2 јајца
  • сол, вода

Подготовка:

1.

Брашното измешајте го со афионот и прашокот за печиво, додадете го омекнатиот маргарин исечен на коцкички, сол, вода и замесете тесто убаво за работа.

2.

Исукајте кора со дебелина од 1цм, премачкајте го со изматените јајца и посипете со изренданото сирење.

3.

Преклопете го на четири дела и оставете го да одстои 15 минути.

4.

Постапката повторете ја уште три пати, потоа исукајте кора со дебелина од 1,5 цм и исечете ја на стапчиња со сакана дебелина.

5.

Наредете го на тепсија обложена со хартија за печење и печете во загреана релна на 200С – 15 минути или додека тестото не добие златна боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag