Љубов и врски: Колку астролошките знаци ја сфаќаат љубовта сериозно?

popara2 јануари, 20161min00
4a

Доколку сè уште не сте свесни за тоа каде се движи вашата врска, или пак сте несигурни, веројатно сметате дека време да поразговарате со вашата сакана личност за тоа. Но, пред да го направите тој разговор, прочитајте ги неколкуте карактеристики за секој од 12-те хороскопски знаци кои ќе ви помогнат да утврдите каде се движи вашата врска.

Овен

Претставниците на овој знак ќе бидат искрени и директни за серизноста на врската. Но, земете го ова со доза на резерва бидејќи тие некогаш претеруваат со нивните искажувања на љубовта, а самите не се свесни за тоа. За да бидете сигурни во нивната љубов, треба само да забележите кога ќе ја покажат својата нежна и љубезна страна. Тогаш се вистински ваши.

Бик

Дали ви подготвуваат романтичен состанок? Во тој случај треба да се подготвите за изјави на љубов и романтични гестови. Претставниците на овој знак се традиционални и посветени љубовници кои сериозноста на врската ќе ја покажат со цвеќиња, чоколади, убаво вино, фина вечера и други клишè гестови.

Близнаци

Доколку сакате да знаете каде се движи вашата врска, внимавајте на комуникацијата со нив. За нив, зборовите се нешто многу сериозно и пред да ви покажат дека се подготвени за сериозна врска, тие ќе сакаат да го поразговараат тоа со вас. Можеби ќе добиете убава порака или е-маил, но сепак тие ќе ја покажат својата љубов, директно со зборови.

Рак

Дали претставниците на овој знак сакаат да ве видат денес, па повторно утре и задутре? Тоа е навистина сериозен знак дека им се допаѓате и сакаат да започнат врска со вас. Тие ја покажуваат својата љубов со тоа што покажуваат дека сакаат да поминат време со вас, неважно дали станува збор за средби или пак смс пораки или онлајн комуникација.

Лав

Дали често добивате подароци од претставниците на овој знак? Дали станува збор за скапи и вредни подароци? Тоа е сигурен сигнал дека им се допаѓате. Тие не сакаат да ја купат вашата љубов на овој начин, туку покажуваат љубезност за да ви покажат дека сте го освоиле нивното срце.

Девица

Иронично, тие можат да го критикуваат времето поминато со вас. Но, тоа се случува бидејќи се грижат премногу за вас или за впечатокот кој го оставаат пред вас. Затоа, доколку започнат конфликт за вас или добиете невкусна забелешка, тоа значи дека тие сакаат да поминат повеќе време со вас.

Вага

Како што вагата станува сериозна за врската, тие ќе се гледаат себеси како тим со вас, наместо како двајца поединци кои влегуваат во врска. Затоа, доколку ги споделуваат своите проблеми, ве прашуваат за совет и ви дозволуваат да донесувате заеднички одлуки, тоа е сигурен знак дека сте ги освоиле.

Скорпија

Скорпиите стануваат претерано чувствителни штом се заљубат во одредена личност. Затоа, доколку вашите нежни шеги се дочекани со благо лутење или претерано драматизирање, тоа значи дека навистина им се допаѓате. Тоа не е знак дека претерувате, туку едноставно дека тие навистина се грижат за вас.

Стрелец

Кога врската ќе стане посериозна, стрелецот е оној знак кој ќе ви го каже тоа отворено и искрено. Но, внимавајте тоа не секогаш е директно, туку може да биде скриено во нивниот симпатичен хумор. Доколку претставниците на овој знак прават шеги за врска, брак или пак деца, тоа значи дека нивниот ум е насочен кон нешто сериозно во љубовта.

Јарец

Многу е тешко да се освои довербата на овој знак, така што доколку ви покажат дека ви веруваат, тоа значи дека веќе сте ги освоиле. Доколку немаат проблем да ви кажат нешта кои се лични и важни за нив, тоа значи дека сте на добар пат кон сериозна врска со нив.

Водолија

Може да биде навистина тешко да дознаете кога водолиите гледаат сериозно на врската, бидејќи тие изгледаат сериозно, постојано. Но, доколку забележите дека сакаат да поминат викенд или годишен одмор со вас или пак доколку предлагаат посериозни нешта, тоа значи дека љубовта ви е запишана во ѕвездите.

Риби

Дали стануваат посесивни и љубоморни? Штом го забележите ова кај претставниците на овој знак, тоа значи дека тие се целосно освоени од ваша страна. Внимавајте, колку повеќе ве засакаат, толку поопсесивни и пољубоморни стануваат.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag