Мајка вежбаше во текот на целата бременост, го покажа рамниот стомак 10 дена по породувањето

popara8 септември, 20161min00
15

Мајка, која вежбаше со своето синче во текот на целата своја втора бременост, го покажа рамниот стомак 10 дена по породувањето. Таа не само што продолжува да вежба со 2-годишниот син, туку и го вклучува своето новороденче во тренинзите.

Кристи Ардо Кристи Ардо

Кристи Ардо имала 56 кг пред да забремени со второто дете, а достигнала тежина од 70 кг пред да се породи. Но, упорната фитнес фанатичка брзо ја намалила тежината добиена во бременоста и сега, осум недели по породувањето, ѝ преостануваат уште 3 кг за да си ја врати тежината од пред бременоста.

Кристи Ардо Кристи Ардо Кристи Ардо

Кристи започнала да вежба покрај своето прво дете веднаш по неговото раѓање. „Одеднаш морав да пронајдам начин како да се грижам за моето здравје, истовремено грижејќи се за бебе. Поради недостигот на сон ми беше тешко да најдам време и енергија“ – рекла Кристи, додавајќи дека не сакала да го остава своето бебенце за да оди сама во фитнес сала, па поради тоа започнала да вежба дома заедно со него.

„Минувањето време со него ми беше приоритет. Еден ден го ставив до мене и започнав да правам склекови, а тој се кикотеше цело време. Тоа ми го направи тренингот забавен и пријатен. Сега го користиме тоа време за да се поврземе еден со друг“ – објаснила таа.

Кристи Ардо Кристи Ардо Кристи Ардо Кристи Ардо

Неколку месеци по раѓањето на Такер, 25-годишната блогерка била во одлична физичка форма, па продолжила да вежба и откако по вторпат забременила. Кристи тврди дека физичката активност во бременоста ѝ помогнала полесно да се породи и да се справи со симптомите на бременоста.

„Имав прекрасно породување. Поради тоа што вежбав, имав сила за раѓањето и се опоравив многу брзо. Сметам дека физичката активност и добриот режим на исхрана имаа голема улога во тоа. Исто така, мислам дека доењето ми помогна многу“ – вели таа.

Кристи Ардо

Кристи Ардо со сопругот и двете деца Кристи Ардо

„Си поставував мали цели кои знаев дека можам да ги постигнам. Целта ми беше да вежбам 15 минути 3-4 пати неделно“ – додава Ардо.

Таа им порачува на сите мајки да се грижат за своето тело без да чувствуваат вина за тоа. „Не е себично да најдете време за себе кога имате деца. Не е лесна работа, но важно е да се грижите за себе и за вашето тело“ – вели Кристи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag