Мажите би дале се за жените во овој хороскопски знак…

popara7 мај, 20161min00
25

На овие жени никогаш не им е доста од љубовта, а за тоа сведочи и податокот дека во однос на другите знаци, тие многу почесто стапуваат во брак. Станува збор за жените Близнаци кои се навистина фантастични. Тие се забавни, социјални, магични и провокативни. Постојано сакаат да запознаваат нови луѓе, не се вообразени, но немаат интерес за долги љубовни врски.

Близнаците се непредвидливи и својата љубезна маска многу брзо можат да ја заменат со оддалеченост и арогантност. Од потенцијалните партнери бараат ментална компатибилност со цел да бидат заинтересирани, бидејќи овие дами никогаш не дозволуваат да се развие физичка интимност со некој кој не е способен да ги предизвика интелектуално.

Тие на изглед делуваат најмладолико од сите жени во Зодијакот. Интелектуално се љубопитни, но исто така се и многу комуникативни, духовити и брилијантни – тие се вистински модерни жени. Не постои отворање на изложба, театарска премиера или значаен собир кој тие би го пропуштиле. Исто така, нивната работа е најчесто поврзана со средства за масовна комуникација.

Непрестаната желба за новини кај Близнаците води кон разорен ефект врз буџетот (нејзиниот или на сопругот) и често се склони кон ексцентричен изглед. Тие константно ги прилагодуваат нивните сопствени потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промените се многу важни за нивниот живот, како и за психичкиот личен развој.

Тие се подготвени да ги употребат сите „женски оружја“, како и шармот и својата привлечност со цел да го добијат тоа што го сакаат. Близнаците исто така и премногу размислуваат, па тоа им дозволува на нивните партнери да се препуштат со доверба и да откријат сосема нови светови покрај нив. Со Близнаците секој нов ден е како нов живот.

Станува збор за жени кај кои не постои баналност бидејќи тие за сè знаат да најдат смисла. И да, тие се преполни со изненадувања. Кога сте најмрзливи, тие имаат способност да ве изненадат со карта за најбараниот концерт или за врвен спортски настан. Сè што бараат за возврат од својот партнер е одвреме-навреме и тој да ги изненади.

Внимание: Овие дами лесно се заљубуваат, па затоа и може да имаат повеќе од еден љубовник (истовремено!). Тие се многу комуникативни, малку итри и се во состојба со својот шарм да го маѓепсаат секој кој ќе почне разговор со нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag