Од кога постои моногамијата, постои и изневерувањето на партнерот. Што е тоа што ги тера луѓето да се впуштаат во сексуални активности надвор од врската или бракот? Поконкретно, што е она што ги тера мажите?
Психотерапевтот Гери Њуман смета дека ја пронашол вистинската причина поради која мажите ги изневеруваат своите партнерки, а ако може да му се верува – тоа воопшто нема врска со сексот ниту пак со физичката привлечност.
Њуман на основа на анкета која ја спровел меѓу 200 мажи, а кои признале дека изневерувале, дошол до несекојдневен заклучок. Имено, тој на основа на собраните податоци смета дека главната причина е всушност емотивната неисполнетост.
Психотерапевтот врз основа на сознанија заклучил дека припадниците на машкиот пол се почувствителни отколку што се смета во модерното општество. Едноставно, доколку не добиваат доволно емотивно внимание во моменталната врска, тие ќе бидат принудени да го побараат на друго место.
Според податоците кои ги собрал Њуман, 48% од мажите своето неверство го оправдале со емотивно незадоволство, додека 40% од нив тоа задоволство пробале да го пронајдат на работното место поради фактот дека колегите се посклони да го комплементираат нивниот успех.
Психотерапевтот истакнува дека физичката привлечност игра улога во потенцијалното изневерување, но дека таа улога не е толку голема како што изгледа на прв поглед. Според неговите податоци, дури 88% од мажите ја изневериле својата партнерка со помалку атрактивна жена.
Уште еден фактор во одлуката да се препуштат на неверството е искуството од пријателите. Доколку мажот е опкружен со луѓе кои имаат искуство во вонбрачните активности, до тогаш верниот маж најверојатно ќе се впушти во забранети дружења.
Исто така, околу 68% од мажите после неверството почувствувале грижа на совест.