Тања Савиќ и понатаму е без работа, а нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ на сите начини се обидува да и најде тезга.
Тој бил принуден да ги моли газдите на дискотеките во целиот свет да ја ангажираат неговата сопруга. Им испраќа пораки, а две пристигнале и кај Горан Тасиќ, сопственик на еден клуб во Лондон.
Душан на Тасиќ, му ја пратил првата порака на 29 јануари. Потоа, тој се обидел да го убеди да заборави на несогласувањата кои ги имале претходно. Да потсетиме, тие се скарале, бидејќи Савиќ не се појавила на договорениот настап, и тој и платил пари и, и обезбедил виза.
– Здраво, Горан, како си, мој стар пријателе? Душан е, сопругот на Тања Савиќ. Што се случи меѓу нас, останува во минатото. Знаеш како се вели, “водата поминува под мостот.” Ако сеуште си заинтересиран да соработуваме, треба повторно да се обидеме и сите ќе бидат среќни – е наведено во Душановата пораката. Две недели подоцна, на 6 февруари, на угостителот Тасиќ му пристигнала нова порака.
– Горан, дали си заинтересиран Тања да настапува во клубот? Јавете се на нашиот кум, клавијатуристот Дарко Томиќ, ако имате некаков проблем. Голем поздрав- напишал Јованчевиќ.
А ова е одговорот на Тасиќ :
– Не сум заинтересиран за нејзиниот настап. Тања и нејзиниот сопруг во една прилика беа нефер кон мене и помеѓу нас е завршена секаква соработка .. Јас работам само со пејачи кои се професионалци во секоја смисла на зборот – вели Горан.