Медведев го шокираше Путин: Му пушти Покемон на состанок

popara23 август, 20161min00
Медведев го шокираше Путин: Му пушти Покемон на состанок
Премиерот на Русија Димитриј Медведев, познат по опсесијата со интернет и гаџети, ги притискал копчињата на состанокот на највисокиот државен врв на Русија и случајно пуштил музика од Покемон.
На состанокот присуствувале Владимир Путин, претседател на Русија, Валентина Матвијенко, претседателка на Советот на федерацијата, од долниот дом на рускиот парламент, Сергеј Иванов, кој до пред некој ден беше шеф на кабинетот на Путин како и други функционери. Судејќи по тоа дека со нив на маса бил и славниот режисер Никита Михалков, состанокот веројатно бил посветен на културата.

Медведев играјќи си со копчињата додека некој говорел, одеднаш ја вклучил музиката од Покемон и тоа прилично гласно. Луѓето го загледале, а Иванов криејќи на насмевката почнал да си го чешка образот. Михалков ја наведнал главата, а фацата на Путин додека го гледал Медведев е непроценлива.

https://www.youtube.com/watch?v=CQiM2SEuqPY

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag