Mercedes AMD GT R

popara5 јули, 20161min00
4

На Mercedes-Benz World настанот во Англија беше претставен Mercedes AMG GT R – побрз, полесен и поцврст од досегашниот врв на линијата на AMG, моделот AMG GT.

Напојуван од 4.0 литарски twin-turbo V8 мотор, GT R има 585 коњски сили (во споредба со 510 кај GT), како и 700Nm вртежен момент (за 50Nm повеќе од GT). Од 0-100км/ч „дига“ за 3.6 секунди благодарејќи на подобрениот софтвер на системот за менување брзини кој сега е нагоден да ги менува побрзо и е способен веднаш потоа да постигне брзина од 318км/ч. Подобрени се и кочниците, кои како дополнителна опција можат да се одберат и како carbon-ceramic сет.

GT R во целост е по агресивен од GT моделот – лаковите на возилото се растегнати за 45мм напред и 57мм на задниот дел, додека дизајнот на каросеријата е инспириран делумно од AMG GT3 моделот со поголеми отвори за воздух, голем заден спојлер (кој генерира 155kg потисок) и двоен заден дифузер. Бандажите се полесни, со 10 краци, и доаѓаат со Michelin Cup 2 гуми прилагодени за возење на тркачки траки.

Вграден е и нов адаптивен систем за амортизација со 3 мода, дизајниран исто така специјално за користење на траки. Воведено е (за првпат од Mercedes) и активно управување на задните тркала – при брзини до 100км/ч тие се вртат во спротивна насока од предните, а веднаш потоа во иста, со што се зголемува агилноста.

AMG GT R ќе се појави во продажба во ноември, но во Европа ќе стигне дури во март. Бројот на автомобили кои ќе бидат на продажба нема да биде ограничен, но цената ќе му се движи од/над 180 000 евра.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag