
Пред да стане популарна Мерлин Монро била позната под името Norma Jeane Dougherty и во 1946 заедно со нејзиниот љубовник , фотографот André de Dienes отпатувале на плажите во Малибу каде идната славна плавуша позирала за што нејзиниот љубовник фотограф кажал: – Таа имаше само 20 години, и сеуште го немаше искусено пијанството од успех, и сеуште имаше сенка која го покриваше блеснувањето во полн сјај. Ја замолив да се однесува инстиктивно кога ќе ги слушне зборовите среќа, изненадување, сомнеж, тага…. смрт, без да и давам време да размислува. Кога изустив смрт, таа се покри преку глава со црната наметка која ја носеше. За неа смртта беше црнина, празнина. Јас се потрудив да предизвикам друга реакција кај неа. Смртта може да биде нов почеток, надеж за вечна светлина. Таа ја заниша главата и кажа – Тоа е за мене смртта. Се сврти накај мене со очаен поглед и побледени усни. За неа смртта беше крај на се.



